Во Астана-Казахстан од 18.08-26.08 2023 година се одржа Светско Таеквон-до ИТФ првенство, на кое учествуваше репрезентацијата на МТТФ под водство на Марјанчо Лазаревски, поранешен светски вицешампион Прага 1996. Репрезентацијата на МТТФ беше претставувана од
1.Марјанчо Лазаревски – претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер) 2.Зоран Парулески – потпретседател на МТТФ (официјално лице) 3.Христијана Парулеска (натпреварувач) – Пехар за најдобра кадетка во Европа Јесоло 2023 – Европски Шампион во спаринг борби Јесоло 2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Јесоло 2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 4.Елена Јанеска (натпреварувач) – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 5.Давид Крстески (натпреварувач) – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч 2022 – Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини 2019
Успехот на нашата репрезентација не е случаен ни изјавува Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ, туку долгогодишна пордшка,вложувања и труд на нашиот Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кои верувајќи во нас , континуирано последните 10 години, не туркаат во нови победи и успеси. Генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” е најзаслужен за сите наши успеси, веруваа во нас кога никој не веруваше, подавајќи ни рака и овозможувајќи на сите наши натпреварувачи , можност за учество на сите натпревари ширум Европа и Светот, на кои имаат постигнато голем број на државни и меѓународни успеси,како што е и последниот успех од Светско Таеквон-до ИТФ првенствово Астана-Казахстан , со кои се гордее цела Македонија.
Можеме да каземе дека е повеќе од успешен настап, настапот на на МТТФ на Светското Таеквон-до ИТФ првенство во Астана-Казахстан, на кое учествуваа над 1000 натпреварувачи од 83 земји ширум светот, на кое настапивме со тројца натпреварувачи, кои натпреваруваа во две дисциплини -Форми(борби со замислен противник) -Спаринг борби Имаше и натпревар за најдобра слика во текот на припремите за Астана
ДАВИД КРСТЕСКИ 5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан ,победувајќи ги претставниците од Хондурас и Бугарија ,додека во 1/4 финале беше оштетен од страна на судиите, во корист на претставникот од Аргентина
ЕЛЕНА ЈАНЕСКА 5 место во спаринг –борби,јуниорки 16-17 години, победувајќи ја претставничката од Узбекистан , додека во 1/4 финале беше оштетена од страна на судиите, во корист на претставничката од Русија, која беше прва во нивната категорија 2 место за најдобра слика ,во конкуренција од над 500 слики ширум светот, во текот на припремите за Астана, на која лично и додели награда (добок и ранец),директорот на “Дае До” генерален спонзор на ИТФ
ХРИСТИЈАНА ПАРУЛЕСКА 3 место во спаринг –борби, јуниорки 14-15 години, победувајќи ги претставничкитаеод Русија и Канада , додека во 1/2 финале против Грција , иако водеше 4:1, мораше да ја предаде поради повредата од 1/4 финале , а со тоа ни избега и златото, кои сме сигурни дека ќе го земеше, доколку не се повредеше. 5 место во форми (борба со замислен противник) црн појас први дан ,победувајќи ги претставничките од Монголија и Русија
Истотака Марјанчо Лазаревски користи прилика , да изрази најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси и квалитетот на нашите натпреварувачи, огромна благодарност да Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид кои ни дадоа безрезервна подршка, благодарност до сите медиуми, портали, подржувачи кои се верно не подржуваат , се радуваат на нашите успеси и ни даваат мотив за уште поголеми успеси.