АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Претседателот на Советот, Сашо Донев на денешната 31. седница изјави дека кога станува збор за годишните планови за вработувања не станува збор за партиски вработувања

Значи не се тоа луѓе стрикно од нашата партија кои треба да бидат згрижени. 80% од предложените вработувања во ЈП Охридски Комуналец се за подигачи и одржувачи на улици и патишта. Не само што не можеме да најдеме луѓе за работа бидејќи нема, туку и тие кои имаат решенија даваат откази и бараат друга работа. Тоа е проблем со кој се соочуваат сите претпријатија.
Согласно Закон за да може некое ЈП да ангажира луѓе треба да постои систематизација. Истите се донесени пред две-три години и ако ги отворите, еве конкретно во ЈП ,,Билјанини Извори” таму има десет слободни места за раководители на одделенија.
Зошто сте дозволиле да се носат вакви систематизација?
Потенцираше дека за да се ангажираат луѓе треба да се направат систематизации, додавајќи дека истите претходно биле свесно направени, но тоа што се случило на локалните избори никој не го очекувал.
ЈП ,,Водовод” изготви нова систематизација со која се намалува бројот на вработени и од Министерството за информатичко општество една година не е добиено одобрение.
ЈП ,,Нискоградба” изготви нова систематизација со која се намалуваат работните места и ние не добиваме согласност од надлежните институции.
Се обвинуваме сега дека сме ги преполниле јавните претпријатија.
Напротив и Локалната самоуправа изготвува систематизација со која се намалува бројот на вработени, не се зголемува и тоа ќе го видите во идниот период. Администрација имаме 10% од тоа што е предложено, другите 90% се општи работници, луѓе кои работат на терен, истакна Донев.