АктуелноОхрид

(ФОТО) Државата го заборави Детското одморалиште ,,Младост” во Даљан

ВЕСТА ПОЧНУВА ПОД ВИДЕО СОДРЖИНАТА

Шетаме со син ми (10 години), му ги покажувам сите места каде татко му растел и ги минал најубавите години од детството. Поминуваме покрај Детското одморалиште ,,Младост” во Даљан – ХОРОР.
Веднаш до него огромното грдо здание и остатоците од некогашниот Младински Центар, подоцна Хотел ,,Магнус”, се вели во објава на социјалната мрежа ФБ.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Тој никогаш нема да знае како изгледале истите тие објекти пред само 25 години, а изградени во ,,мрачниот” социјализам.


Генерации младинци од Македонија, но и од целиот Европски континент доаѓаа во овие центри, летуваа, се едуцираа, спортуваа, се забавуваа и културно се воздигнуваа, растејќи покрај вистинските човечки вредности.
И после настапи демократијата, многупартискиот систем… понатаму сè е само лош сон, кој сè уште во јаве го живееме.


И сега имаше некоја екипа млади каратисти со огромна енергија за тренинг на отворено, сместени во соседниот ,,Партизан”, кој е со исто така примитивни услови и мизерни заеднички тоалети, но како-така функционира.
Ме прашува кој го направил овој неред и ужас…


,,Лоши и себични чичковци и тетки”, му велам, ,,кои преку превезот на политиката и политичките партии направиле р’шум во целата ни Македонија, па и тука”.
Потпрашања милион…


А само 10 години е детето. Како да му објаснам што е тоа ,,политика” во Македонија?
Ужасно е тешко после 30 години квази државни политики да му се објасни на возрасен човек, а уште потешко на дете, дека вистинската политика не се состои во себичност, лажење, подлижување и апашлук, туку дека тоа е ИСКРЕНА БОРБА за подобро утре за сите нас!

извр: ФБ Ангеле Михајловски