ДПМНЕ, дали столбовите на оградата од охридската гимназија изобилуваат со стиропор⁉️
Дали се обидувате да го донесете стиропорот од тоа вашето “Скопје 2014та” и во Охрид⁉️
Е нема да ви помине‼️‼️‼️
Итно да престанете да чепкате по културно- историските споменици ако не умеете да им го зачувате ликот и вредноста❌️
Охридската гимназија претставува споменик на културата и е стожер на образованието во Охрид. Вредноста на зградата на охридската гимназија е од значење за секој еден охриѓанец, кој емотивно е поврзан како со изгледот така и со приказната која ја крие овој културно-историски споменик. Но е и од светско значење, заштитено и зачувано.
За сега некој да дојде да ја раководи и гимназијата и градов и да ја разнебитува⁉️
Околу 5 милиони денари вредност на проектот, пари кои не се лична своина на ДПМНЕ туку пари од МОН и дел од општинскиот буџет наполнат од граѓаните, за што ли ги дадовте локалци? За СТИРОПОР во столбовите на оградата која ПОМПЕЗНО ја обзнанивте како да сте направиле светско чудо ? Со што ли го замајувате народов ? Покажува ли стиропорот што се обидувавте да протнете ? Овој стиропор ли чини 5 милиони денари ?
Нели имате малку совест и почит кон културните добра ? Спротивно и од мислењата на надлежните институции си ја озибличивте оградата со стиропор, кој би знаел која лична цел сакате да ја оправдате и исполните⁉️
Вака не се чува идентитет ! Охрид има своја приказна! Ако не знаете да ја раскажувате, поарно и не ја почнувајте❌️