АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение по повод Празникот на Пресвета Богородица

Ве известуваме дека на денот кога ја славиме „летната Пасха“, односно сечесното Успение и Преселување на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во Свештената Бигорска Обител ќе се одржи сеноќно бдение, коешто ќе започне во недела, на 27 август, во 21:00 часот.

Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе бидат испеани Богородичните статии. Бдението ќе се заврши со Божествена Архиерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Игуменот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.

Благослов да присуствуваат на бдението имаат сите кои молитвено сакаат да го прослават Успението на Мајката Божја.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител