Охрид

(ФОТО) По работниот ангажман, актерите не го пропуштија задоволството од езерото

Актерите Милош Биковиќ (Мараш), Миодраг Радоњиќ (Баќа) заедно со колешките Јелисавета Орашанин и Тамара Крчуновиќ отпатуваа во Охрид и со своите следбеници на социјалните мрежи споделија како го поминуваат времето во нашиот туристички бисер.

Четворката, која е дел од популарната претстава „Лага“, во Охрид е работно, ама слободното време го користат за да уживаат во убавините, капењето, но и пловењето со брод.

И додека Биковиќ објави фотографија на која се гледа како ужива во пливањето и сончевите зраци, Тамара покажа дека со колешката Јелисавета ем се подновиле со бисери ем уживаат во возењето со брод.

 

vecer.mk