Четврти непартиски и неполитички протест пред здружението на пензиоенри. Кирил Јосифоски денеска образложи како поминала средбата со министерката за труд и социјална политика, а ги кажа и барањата кои пензионерите ги упатиле до неа.
„Имаше конструктивни предлози од одредени пензионери кои дадоја свои видувања за решавање на проблемот со пензионерите. Кога дојдов на ред да го кажам мојот став, министерката ме испровоцира. Јас имав два листови како потсетник, но кога почнав министрката ми рече:„Ти напишаа читаш?“ Јас никогаш не сум читал и така нервозно ги фрлив забелешките, затоа што мене никој неможит да ми сугерират. Овој собир и ова незадоволство од пензионерите е неполитички и непартиски. Ние се правиме за интерес на пензионерите“, истакна Јосифоски.
Делегатот од МЗ Даме Груев, Љупчо Настоски вели: Штета што овие што се избрани како раководство не не поддржуваат. Ние се бориме за сите пензионери да имаат достоинствен живот.
извор: Охрид 1