Охрид

Одбележување 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” во Годивје

По повод 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”- Првата регуларна единица на Македонската Народноослободителна војска во село ГОДИВЈЕ ќе се организира свечено одбележување на 18 август.
Свеченоста ќе започне во 12 часот во селото каде ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата на паднатите борци и воедно ќе биде посетена спомен-собата од НОБ.Во 13 30 во трпезаријата на црквата С. Спас ќе се послужи ручек .
Почитувани Годивци повелете да го одбележиме овој ден како што Годивје секогаш знаело гордо и сплотено ….секогаш верни на традицијата и на корените прадедовски