АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков им посака успех на охридските таеквондисти кои ќе учествуваат на Светско првенство

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими членовите на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) кои ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18-ти до 26-ти август годинава.

 

На охридските репрезентативци Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски, градоначалникот Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати. Гостите истакнаа дека очекуваат солидни резултати по интензивните подготовки кои ги имале во изминатиов период за Светското првенство на кое учество ќе земат над 1 000 натпреварувачи од 90 земји.

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.