Започна финалното одбројување до почетокот на второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што под покровителство на Општина Охрид ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 23 до 26 август, со учество на осум екипи.
Натпреварите ќе се емитуваат во живо на You Tube и на дигиталните платформи на ГРК Охрид на социјалните мрежи, а снимки ќе може да се проследат на Националната телевизија МТВ.