0хрид го живее шпицот на туристичката сезона. Преку ден плажите долж Охридско Езеро преполни со туристи, како домашни, така и странски. Од рано утрово полни со гости се и охридските бродови кои или ги пренесуваат гостите до Св Наум или некоја од плажите, или ги имаат вообичаените тури по Езерото за разглед на градот.
Во попладневните и вечерните часови зголема раздвиженост може да се забележи покрај кејот, низ чаршијата, а место плус се бара и во кафетариите и рестораните.
Гости годинава има од сите воздрасти. Од оние кои сакаат мир и спокој, до оние кои преферираат културни настани и манифестации, но и бројните фестивали и ноќни забави. Програма има за сечиј вкус и возраст.
Дека Охрид е преполн со туристи говорат и последните податоци изнесени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според кои во Охридскиот регион исполнетоста како во приватното сместување, така и во хотелските капацитети е 90%.
извор: Охрид 1