Од денес 14.08.Понеделник започнува Успенскиот или Богоридчниот пост.
МАЛО ПОТСЕТУВАЊЕ ОКОЛУ ИСТИОТ.
Успенскиот пост е единствениот, посветен на Пресвета Богородица: започнува две седмици пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Богоридчниот пост е речиси исто така строг, како Великиот пост: од понеделник до петок е строг пост(на вода) во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение Господово(19 август). Постот започнува на 14 август и завршува со 27 август, навечерието на празникот Успение. На самиот празник, 28 август, се блажи, освен ако празникот не падне во среда или петок, и во тој случај постот е олеснет со употреба на риба.
Лесни и од Бога благословени пости.
Редакцијаавгуст 14, 2023
posted on