АктуелноОхрид

Охриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била бремена

Дваесет и тригодишна жена од Охрид тужи маркет за продажба на храна зашто претрпела болка и страв откако конзумирала паштета со истечен рок која ја купила во маркетот додека била бремена во 35-тата недела. Во март минатата година, жената била на пазарење во маркетот заедно со сопругот при што купила паштета која подоцна ја изела. По одредено време почувствувала симптоми на гадење и нагон на повраќање, па откако ја побарала обвивката од паштетата забележала дека таа била со поминат рок, пренесува Слободен печат.

Наредниот ден сопругот на жената го пријавил случајот во Агенцијата за храна која извршила вонреден инспекциски надзор во маркетот и со решение му било наложено да ги поништи производите, добил парична казна и констатирано било дека постапил по решението и ги уништил паштетите.

Бремената охриѓанка пак, поради конзумирањето на паштетата со истечен рок, морала да оди во амбуланта и во Охридската болница од страв да не му се случи нешто на плодот и затоа што ѝ било лошо – имала болки во стомакот и гадење, грчеви, па морала да прими инфузија и терапија против гадење додека била во блажена состојба. Инаку, голем дел од терапиите кои што се даваат за третирање на состојби на иритација после конзумирање на храна за бремените жени се недостапни и не смее да ги примаат. Десет дена по конзумирањето на паштетата со поминат рок, жената предвремено се породила, еден месец порано од терминот во кој се очекувало да биде породувањето.

Жената барала 4.000 евра надомест за нематеријална штета за болката и стравот, но првостепениот суд ѝ го одбил побарувањето па предметот заврши на Апелација во Битола. Апелацискиот суд во Битола утврди дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право зашто во конкретниот случај девојката не бара пари за предвременото породување, туку за болката и стравот кои ги трпела поради конзумацијата на паштетата со изминат рок.

 

Текстот во целост на:  Слободен печат.