АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) ГРК Охрид на прием кај градоначалникот Пецаков

Пред продолжување на подготовките на Маврово, играчите, стручниот штаб и управата на ГРК Охрид денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој е најголемиот поддржувач на клубот во секаква смисла.
Пецаков им посака успешни подготовки и уште поуспешна сезона во која цел е излез во Европа,истакнувајќи дека Градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.
Тренерот на ГРК Охрид, Стевче Алушовски, истакна дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.
Во знак на благодарност за поддршката, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на градоначалникот Пецаков, инаку поранешен ракометен голман, му подари дрес со број 1.