Ми претставува голема чест и задоволство, што денес ми се укажа можност да ја врачам Светската награда на хуманизмот за 2023 година на професорот д-р Виктор Фридман, еден од најголемите светски и несомнено најголем американски славист и македонист.
Делото на Виктор Фридман со децении на научно фундирана основа и најискрен хуман начин ја доближува нашата култура до американската јавност и го прави еден од најголемите пријатели и почитувачи на Македонија и на македонскиот јазик и култура , напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.