АктуелноОхрид

(ФОТО) Нешто се подготвува? – Пупе и Бранко на софра

Нешто се подготвува или ручек со блиски луѓе? Денеска поранешниот претседател Бранко Црвенковски бил во друштво на Јован Мирчески – Пупе. Фотографијата без објаснување ја објави Мирчески на својот ФБ профил.

За јавноста е интересно тоа што подолго време во јавноста се „шушка“ дека Бранко Црвенковски ќе формира партија. Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ.

Дали овој ручек со Мирчески е работен или приватен, засега немаме информации.

 

фото: Социјални мрежи