АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Дефинирани деталите за организација на првото издание на OHRID WATER FESTIVAL

Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август.

На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.

Беше потенцирано дека за голем дел од спортските настани веќе се пријавени бројни екипи и натпреварувачи од неколку странски држави и дека се обезбедени сите логистички мерки за пријатен престој и безбедност на учесниците.

Ohrid Water Festival се организира со целосна поддршка на Локалната самоуправа и неговата основна цел е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.

Комплетната фестивалска програма ќе биде објавена во текот на утрешниот ден на наменска прес конференција.