АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на улица „Железничка“, повредени повеќе лица

На 06.08.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата .„Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 56 годишно лице од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 50 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“,75 годишна Охриѓанка, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот  и уште двајца негови сопатници, 45 годишно лице и малолетник, двајцата од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид