АктуелноОхрид

Газда на апартман натепал малолетни турсти во Охрид

Инцидент со туристи во Охрид. Дознаваме дека газда на апартман натепал малолетни туристи, по што тие поднеле пријава во СВР Охрид.

До инцидентот дошло кога малолетниците денеска поради лошото време останале во апартманот тропале правеле поголема галама, за што биле опоменати повеќе пати. Ситуацијата излегла од контрола кога едно од децата направило штета на вратата од апартманот, по што газдата физички се пресметал со нив. Неофицијално едно од децата завршило во болница со пукната аркада.

Случајот го истражува СВР Охрид.