четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Контењерите празни, граѓаните и туристите депонија направија на 30 метри од нив

Навика или негрижа за околината. До редацијата на Охрид 1 читатели испратија фотографија на која се гледа дека и покрај тоа што има контењери тие се празни, а сметот се одлага на друго место со што се прави депонија.

Граѓаните објаснуваат дека контењерите од пред маркетот кој е на посочената локација се преместени во близина на банката на околу 30 тина метри подалеку. И покрај тоа што има контењери, тие остануваат празни, а депонија се прави во централното градско подрачје.

Инаку ЈП Охридски комуналец уредно ги има известено граѓаните дека контењерите се дислоцирани. Истата е поставена на местото каде што до сега се одлагал отпадот.

Зарем е тешко штом прочиташ да го фрлиш отпадот онаму каде што му е местото?

фото: Читатели на Охрид 1