АктуелноОхрид

ЦЈЗ: Апелираме до граѓаните и туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на Буково во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците

Почитувани сограѓани, гости, туристи,
???? Деновиве, особено во вечерните и раните утрински часови, во Охрид и пошироката околина видлива е заматеност во воздухот и се чувствува непријатен мирис на чад, предизвикано пред се од горењето на комуналната депонија во Буково.
⭕️ Поради опасноста што може да ја предизвика опасниот чад предизвикан од неконтролирањето спалување/горење на комуналниот отпад, врз здравјето на луѓето, Центар за јавно здравје Охрид апелира до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот. Особено предупредуваме луѓето кои непосредно ќе учествуваат во справувањето со комуналниот смет на депонијата која гори, да користат соодветни заштитни средства (маски, очила, ракавици и сл.)
???? Апелираме до граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови.

извор: Центар за јавно здравје