Секој според р асположението. Сликата која ја пренесуваме утрово од центарот на Охрид, надлежни екипи од ЈП Охридски Комуналец го расчистуваат расфрланиот смет во паркот, кој и покрај уредно поставеите корпи за отпадоци не е депониран во нив, туку е расфрлан околу нив и насекаде низ тревата.
Вакавата слика или појава како да ја гледаме секое утро после бурните и динамични летни ноќи во Охрид кои се исполнети со многубројни туристи.
Дополнително работата на Комуналец е пропратена и со забава, од младите кои сеуште се под адреналин на велелба од журките кои поминале во текот на ноќта.
„Весела младина“ која усева максимално да се забавува и на која очигледно дека само една ноќ и е малку па продолжуваат со песна и забава и во раните утрински часови.
https://www.youtube.com/watch?v=iPuk0nKrAQA