АктуелноОхрид

ОБНОВЕНО: Во несреќата помеѓу Мешеишта и Требеништа учествувале четири автомобили

Предмалку се случи сообраќајна несреќа помеѓу Мешеишта и Требеништа.

„Во несреќата учествувале четири автомобили, два со македонски регистарски таблички и два со странски регистарски таблички. Повредено е едно лице. Во моментов увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Охрид“, вели за Охрид 1, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

извор: Охрид 1