АктуелноНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Со хеликоптер пренесен во Скопје тешко повредениот холандски турист кој летал со параглајдер на Гличица

Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист, соопшти ЦУК.

Параглајдеристот поради сериозните повреди на р’бетот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместен во хеликоптер на МВР.

Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, соопшти Центарот за управување со кризи.