АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Ивестиции во рамки на основните училишта во општина Охрид

И оваа година општина Охрид преку програмата која се однесува на капиталните инвестиции во областа на основното образование инвестира средства кои ги подобруваат условите за работа и учење во рамки на училиштата на територијата на општина Охрид.
➡️ООУ „Живко Чинго„ с. Велгошти
Уредени се скалите на влезот од училиштето и поставени се нови плочки. Вредност на проектот околу 200.000 денари, средства од буџетот на општина Охрид;
➡️ООУ„Ванчо Николески„ с. Лескоец
Во финална фаза на изградба е новата училница која треба да биде решение за недостатокот на училници во училиштето и кој многу години наназад придонесувал учениците од прво одделение да мора да бидат во смена со поголемите одделенија. Согласно барањето на училиштето тој проблем сега ќе биде надминат. . Вредност на проектот околу 1.000.000,00 денари средства од буџетот на општина Охрид.
➡️ООУ „Св. Климент Охридски„ Охрид
Набавени се компјутери за потребите на наставата по информатика во вкупна вредност од околу 195.000,00 денари. Во тек е комплетно молерисување на училиштето активност која не била спроведена повеќе од 20 години. Вредноста на оваа активност изнесува околу 240.000,00 денари;
➡️ООУ „Братство единство„ – Централно училиште. Во тек се градежни активности за реконструкција на старите и дотраени тоалети во училиштето. Проектот е во вкупна вредност од околу 1.400.000,00 денари средства предвидени во буџетот на општина Охрид;
➡️ООУ „Григор Прличев„ Охрид
Поставен систем за видеонадзор во училиштето. Проектот е во вкупна вредност од околу 146.000,00 денари, средства од буџетот на општина Охрид;
➡️ООУ„Христо Узунов Охрид
Набавени се нови клупи и столчиња во вкупна вредност од 1.652.100,00 денари. Средствата се предвидени во буџетот на општина Охрид.
➡️ООУ„Св. „Наум Охридски„ с. Пештани Охрид
Министерството за образование и наука отпочна градежни активности за реконструкција на фасадата на училиштето и адаптација на тоалетите за лица со посебни потреби откако на почетокот на мандатот на 24.01.2022 година новата локална самоуправа издаде одобрение за реконструкција на училиштето што беше предуслов за објавување на тендерот за избор на економски оператор за изведба.