Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.
Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов приклучок на вода изнесуваат околу 500 000 денари. Сите овие средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
После завршувањето на овој зафат, следува партерно уредување на училишниот двор. Со проектот за партерно уредување е опфатено изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место. Вредноста на зафатот согласно проектот предвидено да изнесува околу 14 000 000 денари. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата.
Претходно во гимназијата како Локална самоуправа инвестиравме во промена на старите и дотраени санитарни јазли, набавивме нови клупи и столчиња, а во фаза сме на пред козерваторско одобрение за целосна внатрешна реконструкција на објектот. Согласно нашите пресметки очекуваме севкупните градежни активности да финишираат до крајот на 2024 година и со тоа Охрид да добие уште едно модерно и функционално училиште, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.