АктуелноОхрид

Избоден со нож началникот на Струшката полиција

Пред еден час избоден со нож е началникот на Струшката полиција Дритон Ајро. Неофицијално дознаваме дека напаѓачот кој е лице од струшко село е веднаш уапсен.

Дознаваме дека напаѓачот при бегството на местото каде се случил настанот, со возилото повредил случаен минувач.

Началникот е веднаш пренесен во струшката болница и е вон животна опасност.

Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода 44 годишен маж од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

извор: Охрид 1