АктуелноОхрид

(ФОТО) Бетонските жардињери не издржаа ни неколку часа

Во стариот дел на Охрид со автомобил може да се влезе само доколку сте жител на истиот и доколку имате картичка за влез. Рампите се во функција околу еден месец, но се чини дека туристите сепак изнајдоја начин да влегуваат преку сокчето од Горна порта према Месокстро.

Денеска беше затворен и тој влез со бетонски жардињери. Но, истите не издржаа ни неколку часа. Упорните туристи и граѓани кои се навикнаа да паркираат на овој потег ги поместија жардињерите и патот го ослободија.