петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Вечерва километарска колона од Охрид за Скопје

Охрид преполн со гости, домашни и странски. Но, викендот заврши па дел од домашните гости кои од утре имаат работни обврски, доцна вечерва си заминуваат. Читатели на Охрид 1 ни испратија фотографија на која се гледа километарска колона од Охрид за Скопје.

Охрид годинава ја бележи една од најуспешните туристички сезони, во која се бара кревет повеќе. Хотелското и приватното сместување е исполнето над 90%. Но, вообичаено врвот на сезоната се очекува следниот викенд, поточно околу 2 август Илинден.

извор: Охрид 1