На 18.07.2023 година во 16.40 часот, на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, приведен е 35 годишен од струшкото село Долно Татеши. Тој, за време на одигрување на меѓународен фудбалски натпревар, ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива