Поради голем дефект на водоводната мрежа, односно пукната цевка со профил Ф500 мм, денеска од 13 часот повеќе делови од Охрид ќе останат без вода во период од неколку часа.
Како што информираат од ЈП „Водовод“ – Охрид, прекин во водоснабдувањето ќе има на улицата „Гоце Делчев“, на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружението на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици во населбите „Кошишта“, „Воска“ и „Далјан“.
Без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Абас Емин“ и дел од булеварот „Туристичка“.
Од јавното претпријатие информираат дека нивните екипи се на терен и ќе работат сè до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.
https://youtube.com/shorts/K6_8y3XBJ_4?si=JpXW4Zhm9WkzUu-_


















