Од шахта на плажата Лаганин попладнево истече феална вода, која протече низ лежалките и заврши во Охридско Езеро. Ова се гледа на видео снимки кои до „Охрид1“ ги испратија видни и на јавноста добро познати граѓани на Охрид кои попладнево биле на оваа плажа.
Го контактиравме одговорното јавно претпријатие „Колекторски Систем“. Директорот на ЈП Колекторски систем, Владимир Алексијоски за Охрид 1 вели дека дежурните служби веднаш го детектирале проблемот по што екипите излегле на терен, а прблемот бил саниран за половина час.
„Во текот на целиот ден имавме проблем со тој потег. Причината за ова излевање беше дефект во населбата Св. Стефан, по што поголема количина вода се прелеа во колекторскиот систем. Уклучивме уште една пумпа да ја извлече водата кај ПС Гранит и за половина час проблемот беше саниран“, вели за Охрид 1 директорот Алексијоски.
Инаку комплетна реконструкција на колекторскиот систем долж брегот на Охридското Езеро Владата најави до 2025 година со Планот за управување со Охридскиот регион.
За доизградба на колекторскиот систем во Љубаништа, Градиште и Трпејца, кои сѐ уште се со септички јами, засега нема владини средства. Проблемот ќе се решава со пречистителни станици.
извор: Охрид 1