Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Два бронзени медали за македонците на 53.Меѓународна олимпијада по физика во Токио

dav

Денес 17.07.2023 година во Токио, Јапонија заврши 53. Меѓународна олимпијада по физика на која учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех на оваа олимпијада освојувајќи два бронзени медали и две награди за успешно учество (пофалници).
Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци – бронзен медал,
Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – бронзен медал,
Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ Јахја Кемал – Скопје – пофалница
Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко – информатичка гимназија – Скопје пофалница.
dig
На оваа олимпијада во тимот учествуваше и достојно го покажа своето знаење и
Кристијан Шишкоски, ученик во четврта година во Св. Климент Охридски – Охрид,
Водачи на тимот беа:
Проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје и
Проф. д-р Боце Митревски, редовен професор на ПМФ во Скопје
ДФРМ се заблагодарува на водачите на тимот, на луѓето од Институтот за физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје, кои беа вклучени во подготовката на тимот, на сите наши пријатели кои ја подржуваат работата со надарените физичари во Македонија, како и на оние кои го помогнаа учеството на тимот на оваа олимпијада:
Технолошко индустриски развојни зони
Агенција за млади и спорт и
ТЕЦ Неготино.
Честитајќи им го успехот искрено веруваме дека уште многу пати ќе не направат горди со нивните идни академски постигнувања!
ДФРМ