АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Македонија во портокалова фаза – Капалиштетo пред Палас полно со капачи

Топлото време од рано утрово ги наполна плажите.  Од рано утрово на „Кеј Македонија“  има капачи. Охриѓани велат си ја враќаме „Градска плажа“.

Но, не само кај Палан, полн со капачи е и Кејот. Лежалки, чадори за сонце, а тревникот, клупите и плочникот се премали за да ги примат сите кои тука сакаат да уживаат и да се разладат во топлите денови. Охрид е погоден од топлотен бран кој резултира со температури до 38 степени во сенка, а луѓето на кејот, кој сега е плажа само покажуваат дека се тече и се, се менува и кругот пак ќе се заврти таму од каде што почнал. По долги години „проби“ со различни „нови“ плажи, повторно луѓето се вратија таму каде се започна. Постарите местото го паметат како ПТТ, помладите како „Хотел Тино“, а сите генерации знаат каде е „пред Палас“.

Инаку Македонија од денеска е зафатена од високи температури од портокалова фаза.  Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот се во влезат во портокалова фаза.

Поради тоа, почнувајќи од денеска 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;
Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a
Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации, Владата одлучи:

Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;
Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Владата и надлежните органи постојано ја следат состојбата поврзана со временските температури, со цел навремено преземање соодветни мерки за заштита на граѓаните.

видео: Охрид 1