Британскиот амбасадор Н.Е. Метју Лосон, денес, оствари официјална средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид.
На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочува Охрид. Градоначалникот Пецаков истакна дека како Локална самоуправа се подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. Тој на амбасадорот му ги презентира тековните и проектите кои ќе се реализираат во наредниот период.
Разговараа и за УНЕСКО и исполнувањето на препораките. Градоначалникот го увери амбасадорот дека Охрид се движи во правилна насока и се надева дека со ангажирање на сите засегнати страни ќе се добие посакуваниот резлутат. Беше разговарано и за заштитата на животната средина и заштитата на Охридското езеро.
Се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот преку организирање на промоции во Британија, како и за проширување на директните авио линии.
Амбасадорот и градоначалникот ја потенцираа веќе добро воспоставената меѓусебна соработка и истакнаа дека кај двете страни има воља за надоградување.