АктуелноОхрид

(ФОТО) На отворање на „Охридско лето“ само пеш

Доколку одите на отворањето на „Охридско лето“ на Античкиот театар, заборавите на автомобил. Целата улица од Кошишта до Горна Порта е излепена со црвена трака што значи дека е забрането паркирање. Неможе ни да се паркира на улицата која води од Горна Порта до Дрварата. Од двете страна на улицата отстранети се сите паркирани автомобили – чудна глетна со оглед на тоа што на овој потег поготово  преку лето има многу паркирани автомобили.

Вечерва е свеченото отворање на 38 тото издание на фестивалот Охридско лето. Охриѓани велат дека во сите овие години не паметат до олку „чистење“ и обезбедување пред почетокот на фестивалот.

Попладнево пред Горна порта може да се забележат само полициски автомобили кои сеуште превземаат превентивни активности.

Фестивалот започнува во 21:00.