понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Се викал Симон, додека Исус не го нарекол Петар- карпа за сите денови

Исус го забележал Петар додека ловел риби и му рекол: „Врви по мене, ќе те направам рибар на луѓе.“ Петар сепак останал по природа импулсивен и знаел да му се спротивставува на Исус, особено кога не бил подготвен да го прифати Исусовиот крај на крстот. Се викал Симон, додека Исус не го нарекол Петар, што на грчки значи карпа, за да ја означи неговата водечка улога во Црквата. Тоа се случило откако Исус ги беше прашал апостолите: „А вие, вие што велите, кој сум јас?“, а Петар му рекол: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“ Петар подоцна станал првиот римски епископ и првиот Папа.

 

Денес го славиме празникот посветен на мачеништвото на апостолите Петар и Павле. Тоа не се некои непознати маченици. Ја следеле правдата, ја исповедале вистината и за неа умреле. Тие се маченици за Евангелието. Во нивните посланија, на верниците на младата Црква тие им толкуваат како треба да живеат во сите нивни позиви и во сите односи навистина да бидат Христови ученици, сведоци на Евангелието и со својот живот светло во паганскиот свет.

 

Секое време ги носи карактеристиките на паганскиот свет, и страв и потешкотии и мрак.

 

И Петар имал своја слаба точка, да се потсетиме на онаа парабола кога учениците го здогледале Исус како доаѓа кон нив одејќи по морето. По првичниот страв и непрепознавање, тој ги охрабрува: Јас сум! Не плашете се!

 

И Петар, охрабрен, пробал да оди по морето, но изгледа не го разбрал Исусовиот повик за да дојде до него по водата. Во овој момент Петар не разбрал дека Исусовиот збор е јаже за кое треба да се фати за да би се спротиставил на невремето. Исусовиот повик: „Дојди!“ не води до привилегија, туку до овластување.

 

Исто како и Петар, колку пати се преценуваме. дури и кормиларот – Петар морал да извика: „Господи, спаси ме!“

 

Малку подоцна во текстот од Евангелието според Матеј (16, 18-19) читаме како Исус на Петар му го дал името – Карпа – без да му даде важност на тоа дека карпата може да тони. Петар сакал да се издвои од останатите, а научивме дека до Бога не може да се дојде ниту одејќи по вода, ниту летајќи, туку со правилно чекорење по патеките на овој свет во заедништво со другите верници.

 

Колку ли и на нас денес ни е потребно тоа заедништво, на Петровата карпа на кој Христос ја изгради својата Црква? Денес кога се присутни многу страв, потешкотии и мрак, кога се загрозени егзистенциите, кога не се почитува достоинството на човекот и неговата работа, денес кога жената можеби е поексплоатирана како никогаш досега во историјата, но под маската на феминизмот и рамноправноста, кога исчезнува семејството… кога не се почитуваат ниту неродените, но зачнати и живи деца, кога чудните владетели на светот без лик и име за јавноста, манипулираат со животите заради профит, моќ.