Во завршна фаза се активностите за воспоставување на концептот оне-стоп-шоп на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане со Република Албанија. Воспоставувањето на концептот за гранични контроли со едно застанување ја зголемува соработката помеѓу државите и ја забрзува регионалната интеграција.
Ова се главните пораки од денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со директорот на Царинската управа на Република Албанија Генти Гажели, остварена на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане.
Извор: Царинска управа