АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Конкурс за најдобар расказ

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
јули 4, 2023 0
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

Услови за учество на Конкурсот:

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:
ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;

Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г.;
Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Доставените трудови не се враќаат.