Uncategorized

Јавна анкета и презентација на ЛУП за формирање градежна парцела на дел од КП Долно Лакочереј со намена верски институции

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од статут на општина Охрид („Сл. Гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 46 став (9) и член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 199/14 , 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) и член 95 став(1) од Законот за урбанистичко планирање(„Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЛУПД ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА НА ДЕЛ ОД КП 487/1, КО ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ ВГР И КП 6483/10, КО ОХРИД 4 СО НАМЕНА В5 – ВЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ, ОПШТИНА ОХРИД

 

СЕ ОРГАНИЗИРА Јавна анкета и Јавна презентација за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции, Општина Охрид, со техн.бр. 09/20  jули 2023 год. изработен од Друштво за просторно и урбанистичко планирање ПОЛОГ ПРОЕКТ-ПРО ДОО Гостивар

  1. Планскиот опфат за ЛУПД за формирање на градежна парцела на дел од КП 487/1, КО Долно Лакочереј вгр и КП 6483/10, КО Охрид 4 со намена В5 – верски институции, Општина Охрид со површина од 0,22  ха,  во рамки на катастарските парцели: На северо-западната страна, границата започнува од замислениот пресек на КП 1141/5 со 1141/6 на делот према локалниот пат за царинскиот терминал и оди кон југо по границите на КП 1141/5 и 1141/64 се до пресекот со КП бр 1141/2, свртува кон југо-исток по границата на катастарските парцели 1141/5, 1141/2 и 1141/3 и оди се до пресекот на КП 1141/5 со 1142, свртува на северо-исток по границата на катастарските патцели 1141/5 и 1142 и оди се до завршетокот на КП 1141/5, свртувакон северо-запад по границите на КП 1141/5 и оди се до замислениот пресек КП 1141/5 со 1141/6, каде што и започнува.
  2. Јавната анкета ќе трае од 05.07.2023 -11.07.2023 год.
  3. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 10.07.2023 год. со почеток во 10.00 часот.
  4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
  5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12.00 до 14.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
  6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

 

повеќе на ЛИНКОТ