АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Успешно реализиран првиот Меѓународен камп во организација на Православна младина Враништа

Денови исполнети со дружба, забава, посета н верски православни објекти и заедничко сослужение помеѓу Православните младини од Вранишката Парохија и Соборниот храм „Вознесение Христово“ во Црна Гора, се впечатоците од првиот Меѓународен камп кој изминатиот период се реализираше во автокампот АС во Струга.

Почитувани верници, жители на село Враништа. Сакам како ваш парохиски свештеник да ве известам дека првиот меѓународен камп помеѓу Православните младини од “Вранишката Парохија-ДКЕ-МПЦ-ОА” и од Соборниот храм “Вознесение Христово” во ЦПМ-СПЦ заврши и во целост ги оправда очекувањата. Благодарност до спонзорите кој ако не беа не ќе можеше да се организира овој камп и Милсотивиот Бог, Господ Исус Христос, да им дарува здравје, многудетни семејства, да им го умножува нивното богатство. Благодарност изразуваме до ЦО на село Велгошти кој ни помогнаа и ги претставија жителите на село Велгошти како добри домаќини. Благодарност до ЦО Општина Вевчани, до сите Вевчанци кој го помогнаа овој камп. Особена Благодарност изразувам до семејствата на нашите членови, нивните мајки и татковци кој се приклучија и одвоија време за се да тече беспрекорно и добро, како и до членовите на нашето црковно настојателство и другите поединци и луѓе. Бог да награди со големи благослови. Благодарност изразуваме до митрополитот Тимотеј, старешината на Плаошкиот манастир, до Ставропогијалниот манастир во с. Калишта. На самиот крај доколу сме заборавиле некого ве молиме тоа дан ни се земе за грев, бидејќи Бог е Оној кој де гледа и секој помагатели и добронамерник го запишува во книгата на животот. Со особена почит парохиски свештеник Ристе Наумоски.