АктуелноОхрид

ЗЕЛС ќе расправа за случајот „Мерко“

На првата наредна седница на ЗЕЛС,градоначалниците ќе го отворат случајот Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси. ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини,но ние не можеме да го усклучиме,вели охридскиот градоначаник Пецаков, кој е член на Управен одбор на ЗЕЛС.

“ Дека имаме можност да ги ускучиме не, тој не ниту осуден туку е ставен на црна листа на Америка заради корупција итн, која што државата после ставањето на црна листа кажа дека ќе испитала и видела дека има доста недостароци.Видете, ние не треба да чекаме некој да ни каже дали е корумпиран или не, ние треба да имаме правосуден систем кој што тоа ќе го работи на дневна основа,неповрзано со градоначалникот или било кој друг”-вели Пецаков.

Ова не е ништо ново што не се случило во последниве 30 години,проблемот е што не се превзема ништо,а кога ќе видиш дека корупцијата поминува неказниво,таа ќе се повторува, вели универзитетскиот професор Љубомир Кеконоски.Тој беше дел од експертите кои работеа на донесување на мерки за стеснување на просторот на корупција во установите.

извор: Алфа