Со изложба на стари фотографии и пригодни обраќања на гости во „Домот на култура Григор Прличев“ во Охрид се одржа централното одбележување на „Денот на балканските Египќани“.
Настанот се одржа и покрај проблемите кои беа предизвикани од невремето, кое ја поплави салата во која требаше да биде поставена изложбата, а го оневозможи и вториот дел од програмата со концерт на КУД Пирамида на отворено , па од тие причини концертот се одржа во истата просторија.
На састанот специјални гости беа Минситерот за локална самоуправа на Косово Елберт Красниќи, пратеник во косовскиот Парламент Фридом Лала, како и членот на комисијата на заедниците на Албанија Аријан Лиле.
Во своето обраќање Проф. Рубин Земон евоцира спомени како во 1990 година почнало движењето и обединувањето на Египќаните на Балканот и нивно национално будење.
Историчарот и директор на Архивот на Охрид Др. Никола Митровиќ Бабе истакна дека архивот чува драгоцени документи за историјата и постоењето на Египќаните во Охрид, и најави дека следната година целата архива која ја добил архивот ќе биде дигитализирана.
На крај настапи КУД ПИРАМИДА. Погледнете го настапот на играорците.