АктуелноОхрид

Официјално примопредавање на комуналното возило од Јапонската амбасада за Општина Охрид

Денеска во придружба на амбасадорот на Јапонија во земјава Н.Е. Оцука Казуја и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски бев дел од церемонијата со која се официјализира примопредавањето на комуналното возило кое е донација од јапонската влада за Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60,640.00 EUR. Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент. Со новото комунално возило се врши брза и навремена санација на дефктите на канализационата мрежа при што многу ефикасно започнавме да се справуваме со загадувањето. Секако тука има уште доста работа, но сум сум уверен дека претходните средби со делегациите од Јапонија и поддршката што Јапонската амбасада и лично Амбасадорот ја даваат на Општина Охрид ќе резултира со скоро решавање на овој проблем.

Донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и успеа да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот којшто претставува специфичен терен за работа.

извор:ФБ Кирил Пецаков