Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата ” Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф200 мм ), денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата “Македонски Просветители” до Здружение на возачи.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата.