АктуелноОхрид

Охриѓанец по претходна расправија со сопругата, оштетил дел од куќниот инвентар и бил агресивен кон полициските службеници

На 29.05.2023 година во 05.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 38 годишен жител од Охрид. Тој, претходно, во семејниот дом, по претходна расправија со неговата сопруга, оштетил дел од куќниот инвентар и бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид