вторник, ноември 26, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Во Охрид се слави победата на Ердоган

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган прогласи победа во денешниот втор круг од претседателските избори. Победата слави и низ охридските улици, но и на плоштадот кај Чинарот.

 

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган,  истакна дека победник на изборите се сите 85 милиони граѓани на Туркије, јавува Анадолу.

„Победник на изборите и на 14 и на 28 мај се сите наши 85 милиони граѓани“, нагласи Ердоган во своето обраќање во Истанбул.

„Рековме ‘ќе победиме на начин на кој никој нема да губи’. Така, денес единствен победник е Туркије“, додаде Ердоган.

Турскиот претседател рече дека со оваа победа вратата на „Столетието на Туркије“ се отвори.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори со волјата на нашиот народ“, рече тој.

„Упатувам благодарност до секој поединец од нашиот народ што со својот избор уште еднаш ни ја даде одговорноста за раководење со земјата во наредните пет години“, додаде Ердоган.

Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови, изјави Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК).