четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Доделени наградите на спортските риболовци и рибарски клубови од Македонија кои остварија најдобри резултати на Купот во спортски риболов „Охрид 2023“

Денеска на завршната свеченост од Купот во спортски риболов „Охрид 2023“, како заменик-градоначалник на Општина Охрид, имав чест да ги доделам наградите на спортските риболовци и рибарски клубови од Македонија кои остварија најдобри резултати во екипно и поединечно натпреварување.
Натпреварувањето го организираше спортскиот клуб „Свети Апостол Петар“ со поддршка на Општина Охрид.
Натпреварот се одржа на патеката меѓу хотел „Метропол“ и населбата „Лагадин“, согласно Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов и Правилата за натпревари во дисциплина „пливка“, напиша на својот ФБ профил заменик-градоначалник на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Извор: ФБ Перчо Божиновски