АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Промовирана опремата за ЈП Нискоградба и за ЈП Охридски Комуналец, се подновија со современи трактори од најновата генерација

„Општина Охрид во рамките на своите надлежности како оснивач на Јавните претпријатија, а пред се водени од грижата за комплетно испорачани услуги до крајните корисници, како единица на локалната самоуправа се вклучивме во регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на Јавните комунални претпријатија“, преку набавка на опрема, кој се реализира во партнерство со центарот за развој на Југозападниот планаски регион“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков. .

Денеска беше промовирана опремата испорачана за ЈП Нискоградба и за ЈП Охридски Комуналец. Станува збор за современи трактори од најновата генерација.

„Нискоградба од денеска поквалитетно ќе ја извршува работата за чистење на канализационата мрежа. Набавена е и најсовремена цистерна за носење фекалии со носивост од 6000 литри. А за ЈП Охридски комуналец набавен е трактор со плуг за чистење на коловоз и соларка од 1200 литри со современи хидраучични решенија за ефикасно справување при врнежи од снег и појава на голомразица.  Вкупната вредност од набавената опрема е 3.2 милиони денари.  Наскоро треба да биде испорачана и опремата за ЈП Водовод Охрид“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Градоначалникот напомена дека набавен е и булдужер за чистење на депонијата Буково, досега тоа го правевме преку фирми кои ги избиравме преку тендер, а истиот чини онолку колку што плаќавме за одржување годишно.

„Во тек е и постапка за набавка на багер за ЈП Нискоградба. Со ова полека се комплетира потребната механизација за ЈП“, истакна Пецаков.

 

извор:Охрид1