АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за охриѓанец кој бесправно градел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (64)години од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катарстарска парцела во Охрид, неовластено и противправно, без да поседува соодветно одобрение од надлежен државен орган, изградил објект од метална конструкција.
На 01.03.2023, од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор бил извршен надзор кој ја констатирал нелегалноста на градбата од инвеститорот и донел решение за отстранување на градбата.